Боров сируп без додаден шеќер  е производ од палетата производи на нашиот бренд БОРОЏУН.

Производ создаден со голема љубов, посветеност и искуство во комбинација со чистото еколошко поднебје, еколошките плодови од Малешевскиот регион и оригиналниот рецепт  како спој на традиционалното и современото. 

Боровиот цвет е собран од најчистите предели на Малешевијата, исклучиво од бел бор (Pinus sylvestris).
Како засладувач користиме природен гроздов слад направен од органско грозје (во преод).

Бројни се здравствените бенефити од користењето на двата антички познати и многу употребувани производи од бор и грозје.

 

 

 

 

5.0/5.0 08.12.2021

Тодор Митевски

Браво, производот е навистина ефикасен. Го користев коа бев болен од Ковид 19 и многу ми помогна. Секоја чест!

0.0/5.0 05.06.2024

Hasmire aslani

Piledamsvej nr 5 2635 Ishøj

Оценете го продуктот



Мистично и прославувано од многу антички цивилизации, боровото дрво претставува бесмртност на Далечниот Исток поради неговиот долг животен век и неговата чудна лековита моќ.
Во Европа, боровите производи од белиот бор се користат како лекови уште од Средниот век, а на Далечниот Исток, примената на овие лекови датира од пред новата ера.
Домородните Американци го пренеле знаењето на раните американски доселеници како да ги користат иглите, кората и цветот на најразлични начини.
Мистериозниот карактер на тивката зимзелена шума се одразува и на нејзините лековити својства.
Лековите од бор се многу моќен антисептик и експекторанс.

Кај респираторните инфекции каде е присутна густата слуз, лековите од бор предизвикуваат да се повлече секретот нагоре и да се исфрли надвор од белите дробови. 

Овие лекови се посебно корисни за бронхитис, а при појава на настинка и грип, помагаат да се запре инфекцијата.
Борот истовремено се користи и за смирување на кашлица и астма.
Во нашиот процес на преработка го користиме исклучиво младиот цвет на белиот бор кој што е богат и со боров полен.


За корисните ефекти на боровиот полен постојат бројни студии.

Поленот од бор честопати се нарекува „супер храна“ и се смета за врвен извор на многу витамини, минерали, антиоксиданти и аминокиселини.
Боровиот полен се користи за заздравување и заштита од широк спектар на проблеми, вклучувајќи:
• атопични дерматити;
• кардиоваскуларни проблеми;
• намалување на висок холестерол;
• подобрување на работата на црниот дроб и негово прочистување;
• регулирање на нивото на тестостерон кај мажи и жени (го содржи хормонот тестостерон кој помага за подобри атлетски перформанси, поголема мускулна маса, засилена сексуална функција и зголемување на енергијата и либидото);
• регулирање на проблемите со простата;
• олеснување на периодот на менопауза кај жените;
• стимулирање на имуниот систем;
• зајакнување на здравјето на мозокот;
• зајакнување и подобрување на крвните садови во телото;
• поддршка на детоксикацијата и исфрлање на тешките метали;
• против стареење и за долговечност;
• губење на тежината;
• боровиот полен понекогаш се продава како адаптоген - природна супстанција која се користи за да се зголеми отпорноста на телото на негативните ефекти на стресот.
Секако, многу е важно да станува збор за полен кој што е незагаден ниту пак третиран, односно, собран од чиста борова шума.

Овој текст подлежи на авторски права. Забрането е превземање, копрање и дистрибуција на истиот. 


Слични продукти

Погледнете и други продукти слични на БОРОВ СИРУП БЕЗ ШЕЌЕР

  • Бесплатна достава

    За сите нарачки над 1.500 ден.

  • Безбедно плаќање

    100% сигурност

  • 24/7 комуникација

    Online техничка поддршка