КОИ СМЕ НИЕ

100% РАЧНО ПРОИЗВЕДЕНИ ПРОИЗВОДИ – HAND MADE


Ние не сме индустрија, ние сме мала семејна компанија и произведуваме производи според свои оригинални рецепти, а суровините  ги собираме од најчистите предели на Малешевијата.
Произведуваме во мал производствен погон уреден според НАССРстандардите за квалитет на храна. 


Љубители сме на природата и здравата храна. Веруваме дека здравјето доаѓа од природата.


Едни од ретките примери сме, кои одлучиле урбаниот живот во главниот град – Скопје, да го заменат со живот во едно рурално подрачје како што е Берово и Малешевијата. Одминува осмата година како чекориме по Малешевските Планини, ливади и шуми.  Како дишеме од чистиот воздух кој според концентрација на кислород е на прво место во Европа, а четврто во светот.


Секој нов ден, го живееме исполнети со радост и задоволство за нашата одлука и изборот нашите дечиња да ги растеме во здрава и безбедна животна средина. 


Во овој спокој и чистина го најдовме и нашиот извор за егзистенција. Се што собираме и произведуваме е исполнето со внимание, љубов и серизна посветенот. 


Нашето главно мото е:  „Здравјето доаѓа од природата“!