БЕРОВСКИ ЕМ ПМ ДООЕЛ Ви овозможува користење содржини на својата веб страна во склад со долунаведените УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ. Условите на користење се применуваат на сите содржини на веб страната www.berovskiproizvodi-malesevo.mk.
Се поистоветува дека корисниците се запознаени со овие услови доколку го користат било кој дел од нашиот портал, како и дека прифаќаат дека користење на оваа веб страна е единствено за лична потреба и на сопствена одговорност.
ПОДАТОЦИ ЗА ФИРМАТА
ДТУ БЕРОВСКИ ЕМ ПМ ДООЕЛ
29 Ноември бр.8 2330 Берово
С. Македонија
Тел: +389 76 250 522
e-mail: berovskiem@yahoo.com
Трансакциска с-ка: 200002891221859
Стопанска Банка АД Скопје
ЕМБС 7047452
ЕДБ 4001015504499
УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ
Почитувани корисници,
Ве молиме пред користење на нашите услуги, внимателно да ги прочитате следните услови. Секоја посета на нашата страница, како и секое купување, значи дека сте ги прочитале овие услови и дека сте во целост согласни со истите. Доколку тие за Вас се неприфатливи, Ве молиме да не ја користите оваа веб апликација.
1. Општи одредби
Berovskiproizvodi-malesevo.mk ги има авторските права на сите содржини (текстуални, визуелни и аудио материјали, бази на податоци и програмерскиот код). Неовластено користење на било кој дел од порталот без дозвола на сопственикот на авторските права, се смета за повреда на авторските права и подлежи на тужба.
Berovskiproizvodi-malesevo.mk ја администрира оваа страница од своите канцеларии во Берово, Република Македонија. Не гарантираме дека материјалите и услугите на оваа локација се соодветни или достапни за користење надвор од Република Македонија, а пристапување од подрачје каде нивната содржина е незаконска е забрането. Не е дозволено користење или извоз, односно увоз, заради извоз на материјали или услуги на оваа локација нити било кој друг вид на копирање или прилагодување кое е во спротивност со важечките закони или прописи, вклучувајќи ги, без ограничување, законите и прописите за извоз на Република Македонија. Доколку одлучите да пристапите на оваа локација надвор од Република Македонија, тоа го правите на сопствена иницијатива и се сметате за одговорни за почитување на важечките локални закони. Овие услови се толкуваат во согласност со законите на Република Македонија и нема да се применуваат начела за решавање на неусогласеност на законите.
Berovskiproizvodi-malesevo.mk може да ги ревидира овие услови во било кое време, со ажурирање на овој документ. Повремено, посетувајте ја оваа страница за да ги прегледате актуелните услови затоа што за Вас како корисник тие се обврзувачки. Одредени одредби на овие услови може да се заменат со правни известувања и услови единствено достапни на одредени страници на оваа локација.
2. Материјали кои ги проследува корисниот (коментари и други содржини)
Личните податоци кои ги проследувате до сајтот berovskiproizvodi-malesevo.mk со цел купување на производи ќе бидат третирани во согласност со нашиот документ за заштита на приватноста на интернет. Забрането е праќање или пренесување до и од оваа локација, било какви незаконски, заканувачки, навредливи, клеветнички, порнографски или други материјали кои се во спротивност со било кој закон.
Berovskiproizvodi-malesevo.mk на оваа локација не сака од Вас да добива доверливи или други информации со кои не може слободно да располага. Сите материјали, информации и други соопштенија кои ги пренесувате или праќате на оваа локација нема да се сметаат за доверливи и со кои не може слободно да се располага. Нашите вработени можат да ги копираат, откриваат, дистрибуираат, применуваат или на други начини да ги користат соопштенијата и сите податоци, слики, звуци, текст и сите материјали содржани во нив, за било какви комерцијални и некомерцијални цели.
Секако, во оваа група не спаѓаат Вашите лични податоци. Нив, согласно со нашата политика за заштита на приватноста, ги користиме само за интерна употреба. Не ги откриваме ниту ги проследуваме на трети лица, туку ги користиме единствено за обработка на Вашите нарачки.
3. Врски (линкови) кон други веб локации
Врските (линковите) на оваа локација кон локации на самостојни произведувачи се поставени исклучиво со цел да Ви ја олеснат работата. Доколку ги користите овие линкови, ќе ја напуштите оваа локација.
4. Кориснички блог
Berovskiproizvodi-malesevo.mk го задржува правото да ги отстрани пораките кои содржат материјал кој сметаме дека е непристоен, клеветнички, навредлив или на било кој друг начин неприфатлив.
Сите информации во врска со трансакцијата купувач – продавница Berovskiproizvodi-malesevo.mk, се смета за деловна тајна и треба да се третира согласно законските прописи на Република Македонија.
5. Купување со доверба
Со регистрацијата на нашата интернет страна станувате наш лојален клиент кој ќе има можност да добие одредени поволности/попусти при организирање на некои настани или празнични акции.
Процесот на регистрација е многу едноставен и потребно е да ги внесете само Вашите лични податоци. Со цел да ја започнете регистрацијата потребно е во горниот десен агол да кликнете на РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ, каде што потоа ви се отвараат полиња каде што потребно е да ги внесете Вашите податоци. Откако ќе ги внесете сите податоци кликнете на РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ и на вашиот емаил ќе ви пристигне линк кој е потребно да го кликнете со што вашата регистрација ќе биде завршена и ќе може да продолжите со купувањето.
Формуларот кој го пополнувате за време на регистрација се пополнува само еднаш, а секоја нареден пат кога ќе се логирате тоа ќе биде на веќе креираниот профил. Кога сте подготвени да извршите купување потребно е во следните три чекори да одберете адреса на испорака, метод на испорака и начин на плаќање. Потоа ќе ви се отвори страницата за завршување на купувањето. Доколку сте се предомислиле во врска со купувањето и сакате нешто да смените, едноставно можете да се вратите на страната на кошничката со клик на полето “ПРОДОЛЖИ СО КУПУВАЊЕ”. Враќање на делот со плаќање се врши со кликнување на иконата за корпа.
6. Достава
Доставата е низ цела Македонија. Праќаме преку Карго Експрес. Доставата се плаќа при прием на пратката и трошокот е варијабилен, зависно од тежината на пратката и висината на откупот за нарачката изнесува 90-160 ден.
Пратка 1-5 кг = 70 ден.
Пратка 5-10 кг=80 ден.
Пратка 10-20 кг = 100 ден
Откуп за пратка со вредност до 600 ден = 20 ден
Откуп за пратка со вредност над 600 ден = 50 ден
Трошок за достава до дома = 30 ден.
Пр. Доколку имате пакет со тежина од 1кг, вредност 690 ден и саката достава до дома трошокот за достава е: 70+50+30=150 ден.
Рокот на испорака е 1-3 работни дена. За сите нарачки направени во петок или за време на викенд ќе бидаат процесирани во првиот следен работен ден.
Курирот пратката ја доставува на адресата за испорака . Доколку курирот не Ве пронајде на адресата, вообичаена пракса е да Ве побара на телефонскиот број кој сте го впишале при креирање на нарачката со цел да договорите нов термин за достава. Доколку и во вториот обид за достава не Ве најде на договорената адреса, пратката ќе ни ја врати нам. По прием на пратката, ќе Ве контактираме за да ги утврдиме причините за неизвршувањето на доставата.
7. Согласност и промена на условите
Користењето на нашите сервиси подразбира согласност на корисникот со наведените услови на користење.
Berovskiproizvodi-malesevo.mk се обврзува дека ќе се придржува до се претходно наведено, а сите промени на условите стануваат важечки дури по објавувањето на оваа страница и праќање на известување по емаил до сите регистрирани корисници.
Доколку имате било какви прашања, предлози или барања поврзани со собирањето и обработката на Вашите лични податоци, во секој момент може да го контактирате и Офицерот за заштита на лични податоци.
ОФИЦЕР ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Емилија Пехчевска
Телефонски број: +389 76 250 522
e-mail: berovskiem@gmail.com
КОНТРОЛОР НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
ДТУ БЕРОВСКИ ЕМ ПМ ДООЕЛ Берово
ул. „29 Ноември“ бр.8, 2330 Берово С. Македонија
Активностите на обработка поврзани со online услугите достапни преку нашата интернет страна, се извршуваат од страна на нашиот технички персонал одговорен за овие услуги или останати лица задолжени за извршување на активностите.
Собраните лични податоци се обработени во согласност со одредбите од позитивните прописи од областа на заштита на личните податоци.