Полиса на приватност

За успешно да ги обработиме нарачките, потребни ни се име и презиме на нарачателот, адреса за доставување, е-маил адреса и број на телефон.


Со помош на споменатите податоци можеме да ги испорачаме саканите производи, како и да ги известиме купувачите за моменталниот статус на нарачката.


Во име на компанијата БЕРОВСКИ ЕМ ПМ ДООЕЛ  се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на сите наши купувачи. Ги собираме само неопходните основни податоци за купувачите (корисниците) и податоците неопходни за работа и информирање на корисниците согласно добрите деловни обичаи и со цел давање квалитетна услуга.


На купувачите им даваме можност за избор вклучувајќи можност за одлука дали сакаат да се одјават или не од маилинг листата.


 Сите податоци за купувачите/корисниците строго се чуваат и достапни се само на вработените на кои им се неопходни за исполнување на редовните работни активности.


Сите вработени во БЕРОВСКИ ЕМ ПМ ДООЕЛ  кои имаат пристап до личните податоци се одговорни за почитување на начелата за заштита на приватноста.


Се обврзуваме дека собраните податоци нема да ги користиме за други цели ниту ќе ги проследуваме до трети лица.


БЕРОВСКИ ЕМ ПМ ДООЕЛ  не ги пренесува и проследува собраните лични податоци на меѓународни организации или трети земји.


Податоците ги чуваме и обработуваме врз принципот на законитост, правичност и транспарентност за конкретни, јасни и легитимни цели. Дополнително, собираме единствено минимален обем на податоци кои се потребни за целта на обработката.


Личните податоци ги обработуваме на начин кој обезбедува соодветно ниво на безбедност, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и нивно случајно губење, уништување или оштетување, со примена на соодветни технички и организациски мерки.


Корисникот има право во секој момент да поднесе приговор до БЕРОВСКИ ЕМ ПМ  ДООЕЛ  на личните податоци и да побара корекција на неточни податоци, ограничување на обработката на лични податоци, како и бришење на лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци.


Корисникот може и во секој момент да изјави дека ја повлекува согласноста неговите лични податоци да бидат обработувани од страна на БЕРОВСКИ ЕМ ПМ ДООЕЛ.  


Доколку сте регистрирани на нашата интернет страна или сте пополниле онлајн формулар за добивање производи од БЕРОВСКИ ЕМ ПМ ДООЕЛ, врз основа на писмено барање имате право:
– Да бидете информирани кои категории лични податоци се обработуваат за Вас и кои се целите и правната основа на обработката на Вашите лични податоци,
– Да пристапите до Вашите лични податоци,
– Да ги дополните, измените, избришете или да изберете запирање на нивната понатамошна обработка,
– Да ги дознаете корисниците или категориите на корисници на кои се откриени или ќе бидат откриени Вашите лични податоци,
– Да дознаете други информации за Вашите лични податоци согласно одредбите од Законот за заштита на личните податоци и другите важечки прописи од областа на заштита на личните податоци.


Корисникот има право во секој момент да поднесе барање до Агенцијата за заштита на лични податоци доколку смета дека обработката на неговите лични податоци ги прекршува одредбите од Законот за заштита на лични податоци.


Доколку сакате Вашите податоци да бидат корегирани или избришани или доколку имате какви било прашања или предлози од областа на заштитата на личните податоци, можете да нè контактирате на следната електронска адреса:berovskiem@gmail.com.


Напоменуваме дека електронската адреса од која што ќе не контактирате и останатите лични податоци, како и содржината на Вашите барања или предлози, нема да бидат искористени за ниту една друга цел освен за да Ви одговориме на Вашето барање, прашање или предлог упатен до нас.