ВРБОВКА - БИЛКА ФЕНИКС

Буквално – никнува од пепел!


Кога пожарот ќе ја проголта шумата и ливадата, кога разорни бомби ќе го уништат тлото, кревката билка – врбовка прва ќе го обнови.


Од јуни до август, нејзините виолетови цветчиња го објавуваат враќањето на животот на опустошеното тло. Таа неверојатна сила и отпорност на врбовката – свиловина (Epilobium angustifolium) ги наговестува нејзините лековити својства.


Од многу одамна е позната во народната медицина, а посебно во Североисточна Европа (Русија и Полска) каде нејзините лисја ги ферментираат и на тој начин се добива инзворедниот Иван чај за кој Хитлер верувал дека бил главен извор на сила на руските војници од кои бил поразен.


Лековитата моќ на врбовката преставува заштитен знак за здравјето на: дигестивниот тракт, уринарниот тракт, а посебно бубрезите и простата, воопшто има силно антивоспалително, антибактериско и антивирусно дејство.


Врбовката инзворедно помага при:
- воспаление на простата и бенигно зголемување на простата;

- уринарни проблеми и кај мажи и кај жени;
- инфекции и цисти на бубрези;
- менструални проблеми;
- крварење на матката;
- леукореја (вагинален исцедок);
- хронична дијареја;
- дизентерија;
- колитис;
- грчеви во стомакот и цревата;
- надуеност на цревата и стомакот;
- воспаление на усната празнина и грло
  (отечени непца, гингивитис, ларингитис).


Овој текст подлежи на авторски права. Забрането е превземање, копрање и дистрибуција на истиот.