МИСТИКАТА НА БОРОТ

Мистично и прославувано од многу антички цивилизации, боровото дрво претставува бесмртност на Далечниот Исток поради неговиот долг животен век и неговата чудна лековита моќ.
Во Европа, боровите производи од белиот бор се користат како лекови уште од Средниот век, а на Далечниот Исток, примената на овие лекови датира од пред новата ера.
Домородните Американци го пренеле знаењето на раните американски доселеници како да ги користат иглите, кората и цветот на најразлични начини.
Мистериозниот карактер на тивката зимзелена шума се одразува и на нејзините лековити својства.
Лековите од бор се многу моќен антисептик и експекторанс.
Кај респираторните инфекции каде е присутна густата слуз, лековите од бор предизвикуваат да се повлече секретот нагоре и да се исфрли надвор од белите дробови. 
Овие лекови се посебно корисни за бронхитис, а при појава на настинка и грип, помагаат да се запре инфекцијата.
Борот истовремено се користи и за смирување на кашлица и астма.
Во нашиот процес на преработка го користиме исклучиво младиот цвет на белиот бор кој што е богат и со боров полен.
За корисните ефекти на боровиот полен постојат бројни студии.
Поленот од бор честопати се нарекува „супер храна“ и се смета за врвен извор на многу витамини, минерали, антиоксиданти и аминокиселини.
Боровиот полен се користи за заздравување и заштита од широк спектар на проблеми, вклучувајќи:
• атопични дерматити;
• кардиоваскуларни проблеми;
• намалување на висок холестерол;
• подобрување на работата на црниот дроб и негово прочистување;
• регулирање на нивото на тестостерон кај мажи и жени (го содржи хормонот тестостерон кој помага за подобри атлетски перформанси, поголема мускулна маса, засилена сексуална функција и зголемување на енергијата и либидото);
• регулирање на проблемите со простата;
• олеснување на периодот на менопауза кај жените;
• стимулирање на имуниот систем;
• зајакнување на здравјето на мозокот;
• зајакнување и подобрување на крвните садови во телото;
• поддршка на детоксикацијата и исфрлање на тешките метали;
• против стареење и за долговечност;
• губење на тежината;
• боровиот полен понекогаш се продава како адаптоген - природна супстанција која се користи за да се зголеми отпорноста на телото на негативните ефекти на стресот.
Секако, многу е важно да станува збор за полен кој што е незагаден ниту пак третиран, односно, собран од чиста борова шума.